entrepreneurship

Како се одвива Стартап Викендот 2024 во Охрид?

R.M.

27.04.2024

Овој викенд од 26ти до 28ми април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, кое започна петок попладне и ќе трае до недела вечер.

Стартап Македонија е организатор, додека пак универзитетот за информатика Св. Апостол Павле” е домаќин на овој настан, најголем од ваков тип во државата.

По отварањето на настанот во петок попладне, првата активност која што ја имаа учесниците беше презентирање на своите стартап идеи.

Околу 20 идеи беше бројката на презентирани идеи од страна на младите професионалци пред менторите и останатите учесници на настанот. 

Откако сите си ги презентираа (pitching) своите идеи, секој учесник располагаше со по три гласа, со кои што можеше да гласа за една или повеќе идеи.

По гласањето, половина од идеите продолжија понатаму, додека останатите отпаднаа. Учесниците, чии што идеи отпаднаа имаа и можност да се им се придружат на учесниците чии што идеи продолжија понатаму и со тоа воедно ги формираа тимовите.

Откако тимовите беа формирани, се одржа работилница за Бизнис модел канвас, на која што се разговараше за важноста и суштината на овој модел.

Тимовите започнаа со работа на своите идеи во текот на ноќта, и ќе работат на истите до финалното гласање, кое што е закажано во недела попладне. Нивната задача е да ги преточат своите идеи во бизнис решенија, односно прототипи. 

Во текот на вториот ден, тимовите ќе имаат и менторска поддршка, која е доста разнолика, бидејќи менторите доаѓаат од различни области.

Менторите ја нудат својата експертиза сѐ со цел да им помогнат на тимовите да дојдат до подобри прототипи.

Покрај менторската поддршка, за вториот ден е предвидено и оддржување на работилница за валидација на идеја и работилница за pitch.

Што мислат учесниците за Стартап Викендот?

*Нашата идеја е Omnilyst, воглавно тоа ќе биде платформа специјализирана за контент креатори и инфлуенсери.

Какво е твоето досегашно искуство од настанот?

*Искуството на целиов стартап викенд е доста едукативно, поради тоа што има многу голем број на информации постојат на интернетот, што можеме на ги најдеме и што може само да не збунат во процесот на самата креација на бизнис.*

Фасилитаторот беше тука за да не насочи и да ни помогне полесно да креираме еден квалитетен стартап бизнис.

Милена Петковска, учесник на Стартап Викенд и дел од тимот на Omnilyst

Јас сум контент креатор на Стартап Викенд и мојот дел е да го креирам целиот контент кој што излегува на социјалните платформи и да го промовирам настанот најдобро што можам.

Како си поминуваш?

Супер си поминувам, работно и стекнувам доста ново искуство.

Која е лекцијата што ја научи на овој Стартап Викенд?

Ја научив лекцијата дека треба да работиме понапорно и подинамично.

Дарко Соколески, волонтер на Стартап Викенд Охрид

Авторот на текстот е Љубомир Давитков и е превземен од порталот IT.mk.

About author:

R.M.

We are the first formal association of Ohrid’s tech community which includes companies, associations, institutions, meetups, and individuals.

21